Во Македонија се потврдени нови 40 случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од 25 април.
- Педесет и шестгодишен пациент од Прилеп е 111. жртва на коронавирусот во земјата.
- Во изминатите 24 часа се направени 549 тестирања и 40 биле со позитивен резултат.
- Дури 26 од новорегистрираните случаи се во Скопје, па следуваат десет во Тетово и еден во Битола, Велес, Куманово и Прилеп.
- Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.898, од што 409 се активни случаи.
- Оздравеле 1.378 лица.