ХОТЕЛОТ „ЛИМАК“ ГО НОСИ АВТЕНТИЧНИОТ ВКУС НА ТУРСКАТА КУЈНА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот хотел „Лимак“ ќе спои гастрономски специјалитети и традиционална музика на настанот „Автентичниот вкус на турската кујна“, што ќе се одржува од 30 ноември до 3 декември. По тој повод, врвни готвачи ќе допатуваат од Турција за да приготвуваат разни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки од Анадолија, Кападокија и централна Турција.

На менито ќе бидат традиционални предјадења, како ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, а од главни јадења ќе бидат понудени зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети. За десерт ќе се послужуваат баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач…

Настанот, што ќе се одвива од 19 до 22 часот, ќе биде збогатен и со турски чалгии.