Скопската зоолошка градина од вчера е збогатена за неколку нови жители откако пристигнаа три алпаки и две двогрби камили.
„Тие пристигнаа од Чешка и веќе се приспособуваат на новиот дом“, соопштија од Зоолошката градина.
![](https://smart.sdk.mk/wp-content/uploads/2020/07/115735216_3321980887864488_3052342691819268341_n-547x410.jpg)
Алпаките се питоми јужноамерикански животни чија природна средина се големи надморски височини во Перу, Чиле, Еквадор и Боливија. Иако припаѓаат на фамилијата камили, по изгледот се слични на ламите.
Од Чешка дојдоа и две двогрби камили, кои се карактеристични за централноазиските степи и пустини.
Скопската зоолошка градина неодамна отвори и живеалиште за розеви фламинга.