Поп-пејачката Ана Петановска и пејачот Горан Наумовски облечени во духот на 1950-тите со светски познати хитови ги забавуваа гостите на годинешното издание на „Скопје виски фест“. Ги придружуваа неколку танчарки.
Фестивалот по урнекот на светските метрополи заппочна во 2019, а неговата цел е да го подигне нивото на виски културата кај нас. Ве текот на изминативе три дена (31 октомври, 1 и 2 ноември) гостите на фестивалот пробуваа различни типови на виски со потекло од Ирска, Шкотска, Јапонија и други земји, со куса едукација од изложувачите. Се одржаа и интерактивен квиз за гостите како и четири мастер класови на кои зборуваа Тед Лелекас, Васил Пеевски и Блажо Симоновски.