„АРЕА“ СО АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Рок групата „Ареа“ утре ќе одржи акустичен концерт во Домот на културата во Битола од 20 часот. Минатата година, гостиварската група го издаде албумот „Љубов е” и досега имаше повеќе концертни настапи низ Македонија.

„Овојпат решивме тоа да биде акустичен концерт, каде што во една поинаква и поинтимна атмосфера публиката ќе може да ужива во нашите песни“, велат членовите на бендот.

На албумот „Љубов е“ има 11 нови, авторски песни на „Ареа“ во нивниот препознатлив стил. Три од песните, „Отсекогаш”, „Ангелу мој” и „Јаве или сон”, беа промовирани пред да излезе албумот, а за последната песна беше снимен и спот.