Зоолошката градина во Скопје доби два нови житела – арктички волци, кои пристигнаа од Чешка.
Мажјакот и женката се на возраст од една година и нивното крзно ќе добие вистински сјај во зима, кога ќе стане бело и густо, велат од Зоолошката градина.
Природните живеалишта на арктичкиот волк, кој е подвид на сивиот волк, се Северна Америка и Гренланд. Тој спаѓа во загрозени видови животни, што најмногу се должи на нарушувањата во нивната природна средина поради климатските промени.