АСТРОНОМИТЕ ПРВПАТ ОТКРИЛЕ ИЗВОР НА МИСТЕРИОЗНИТЕ БРЗИ РАДИОБРАНОВИ ОД ВСЕЛЕНАТА

Монтреал, (Би-Би-Си)

Повеќе од една деценија, астрономите ги интригираше потеклото на мистериозни, краткотрајни експлозии на радиобранови (ФБР), што доаѓаа од далечни галаксии. Тие сега за првпат успеаја да го откријат изворот на една таква експлозија во Млечниот Пат: мал, ротирачки остаток на високомагнетизирана мртва ѕвезда или магнетар, оддалечена 30.000 светлосни години од Земјата.

Овие рафални радиобранови првпат биле забележани во 2007 година и оттогаш се една од најжешките теми меѓу астрономите. Научниците потоа регистрирале уште десетици вакви настани и сите доаѓале надвор од нашата галаксија.

Новото откритие било направено од две низи на независни радиотелескопи во Северна Америка. Настанот се случил на 28 април годинава и траел помалку од пет милисекунди.

Тоа е најсјајниот радио-рафал досега детектиран во нашата галаксија“, изјави Даниеле Микили, астрофизичар од универзитетот Мекгил во Монтреал.