АВТОБИОГРАФИЈАТА НА ПРИНЦОТ ХАРИ ОБЈАВЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“ (Spare), излезе на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Мемоарите на војводата од Сасекс беа објавени на почетокот на оваа година и за кратко време станаа еден од најбараните наслови. Според Гинисова книга на рекорди, „Резерва“ е најбрзо продаваната книга од областа на нефикција на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од критичарите. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и македонски.

Во книгата, Хари пишува за неговото детство, длабокиот ефект од смртта на мајка му Дијана, проблематичните тинејџерски години, службата во британската армија во Авганистан и за односите со семејството.

Книгата „Резерва“ е достапна во сите поголеми книжарници во земјата и онлајн преку www.literatura.mk.