Властите на Берлин ветиле дека ќе инвестираат еден милион евра за да им помогнат на ноќните клубови да вградат подобра звучна изолација, откако последниве години се зголеми бројот на дискотеките кои беа принудени да ги затворат своите врати.
Од 2011 година, во Берлин беа затворени дури 170 ноќни клубови поради жалбите на преголема бучава од страна на луѓето кои живеат во нивна близина, бидејќи тие лесно ги добиваат овие случаи.
„Во густо населените градови, каде што станбените објекти се во близина на дискотеки, сопствениците мора да инвестираат во звучната изолација, за да не си пречат меѓусебно“, вели Луц Лајхзенринг, портпаролот на Комисијата за клубови.
Според весникот „Тагесшпигел“, градското собрание се согласи да го помогне реновирањето на ноќните клубови, што првенствено се однесува на звучните бариери во музичките простори, но и локалните жители ќе добијат прозорци со звучна изолација.
Слични мерки во својот град најави и градоначалникот на Лондон, Садик Кан.