БЕЗ ЖЕНСКАТА ПОДДРШКА ДЕНЕС НЕ БИ ИМАЛА ЛЕВА ДОЈКА, РЕЧЕ КАРЛА БРУНИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА ОД РАК

Париз, (Дејли мејл)

Француската пејачка и манекенка Карла Бруни откри дека се борела со рак на дојка. Таа преку објава на Инстаграм ги повика жените да прават редовни прегледи.

„Пред четири години ми беше дијагностициран рак на дојка“, вели поранешната прва дама на Франција која е во брак со Никола Саркози, користејќи картички со мотивирачки пораки во видеото.

Бруни објави видео со картички со мотивирачки пораки (Фото: Инстаграм)

Таа рече дека поминала низ операција, радиотерапија и хормонска терапија.

„Имав среќа: ракот сè уште не беше агресивен“, рече Бруни, додавајќи дека рано бил откриен затоа што секоја година во ист ден одела на прегледи за рак на дојка.

Бруни кажа дека долго време не сакала да зборува за своето здравје, но сакала да ги охрабри жените да прават редовни контроли како дел од месецот за подигање на свеста за ракот на дојката.

„Без женската поддршка, денес не би имала лева дојка“, рече таа.

(Фото: Имаго)