БИТОЛСКОТО ГРАФИЧКО ТРИЕНАЛЕ СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО КИНА

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Дела од 11. Меѓународно графичко триенале од Битола денеска (28 декември) ќе бидат изложени во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо Културен центар во Кина. Со тоа ќе започне неговата повеќемесечна ликовна турнеја која ќе трае во 6 кинески големи градови и истакнати културни центри.

„Присуството на оваа најголема ликовна манифестација кај нас, е на покана на кинеските организатори, според кои, битолското графичко триенале е едно од најзначајните во светот и на кое своја презентација бележат околу 160 држави од светот. Покрај ова организаторите, отпечатија обемен и атрактивен каталог насловен ’11 меѓународно графичко триенале Битола’“, вели Владо Ѓорески, основач на Триеналето.