Во организација на Здружението за култура и уметност „Валтер“ од Штип, штипската современа уметница Грофина Ристова отвори своја самостојна изложба со наслов „Просторот помеѓу“.
„Моите дела се изградени од суптилни слоеви, минималистички форми и внимателно избалансиран простор, создавајќи чувство дека композицијата зрачи од својата внатрешност“, вели Ристова и дополнува:
„Боите се мој јазик, платното е мој свет, а секое дело е дел од мене“.
Изложбата е поставена во уметничката галерија „Безистен“ во Штип.
По изложбата што неодамна ја имаше во Струмица, авторката не откри, но податоците говорат дека датумот на отворањето на изложбата во Штип се совпаѓа со нејзиниот јубилеен 50. роденден, па по тој повод на својот град му подари еден ваков уметнички момент и посебно сликарско доживување.
Т. ЈОВАНОВСКИ