БОРБАТА НА ЛИСИЦА И МРМОТ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА НА ДИВ СВЕТ ЗА 2019

Лондон, (Би-Би-Си)

Иако би можела да добие смешен опис, фотографијата направена во планините Килијан во Кина е смртно сериозна.

На неа, лисица изненадува мрмот, што ќе доведе до борба помеѓу нив, во која што глодарот ќе настрада, и покрај интервенцијата од мајка му.

Победничката фотографија во јуниорска конкуренција

Тоа е природа“, вели фотографот Јонгкинг Бао.

Неговата фотографија беше прогласена за најдобра на светскиот избор на фотографии на див свет за 2019 година.

Упорноста се исплаќа кога си фотограф на природниот свет и Јонгкинг со часови останал на планинска ливада за да ја сними оваа акција. Тој ја снимил и лисицата со несреќниот мрмот во устата.

Гнездо на мравки во Костарика победи во категоријата Без‘рбетници (Фото: Даниел Кронауер)

Во категоријата јуниори победи Круз Ердман за ноќната фотографија на лигња во водите на Индонезија.

Од 1964 година, ова натпреварување го организира Музејот на природната историја во Лондон.

Стадо тибетски антилопи во природниот резерват Алтун Шан во Кина (Фото: Шангџен Фан)
Над 5.000 царски пингвини се греат во заливот Атка на Антарктик (Фото: Штефан Кристман)