БРИТАНЕЦ ОСВОИ МИЛИОН ФУНТИ НА „КОЈ САКА ДА БИДЕ МИЛИОНЕР?“ ОТКАКО БРАТ МУ СТИГНА ДО 500.000 ФУНТИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Учител чиј брат освои 500.000 фунти отиде уште подалеку и ја освои главната награда во британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“. Педесет и седумгодишниот Доналд Фир искористи само еден од трите џокери пред да стане првиот освојувач на џекпотот од милион фунти по пауза од 14 години.

Неговиот брат Дејвит се појави во квизот во септември минатата година, кога застана на претпоследната пречка.

Последното прашање на кое одговараше учителот по историја и политика беше „Кој пират загинал во 1718 година во битката покрај брегот на денешната Северна Каролина?“ и подоцна откри дека за оваа тема предавал пред осум години.

Јас сум човек кој памети датуми. Не можете да бидете учител по историја 33 години без да знаете неколку датуми и 1718 година и Блекбрд веднаш ги поврзав“, изјави таткото на четири деца.

Фир, кој е шести освојувач на милион фунти во 22-годишната историја на квизот, кажа дека 70% од добивката ќе подели на семејството, а со остатокот ќе си овозможи удобна пензија.