„РОЛИНГ СТОУНС“ Е ПРВ БЕНД СО АЛБУМ БРОЈ ЕДЕН ВО ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ДЕЦЕНИИ

Лондон, (Ројтерс)

„Ролинг стоунс“ стана прв бенд во историјата кој имал албум број еден во шест различни децении.

Легендарните англиски рокери директно избија на врвот на британската топ листа со обновената верзија на албумот „Goats Head Soup“, кој беше на првото место и кога оригинално излезе во 1973 година.

Ролинг стоунс“ сега има 13 првопласирани албуми во кариерата, со што се израмни со Роби Вилијамс и Елвис Присли и само „Битлс“ има повеќе – 15.