Популацијата на тигри беше во забрзан пад во изминатите децении, но најновите податоци што ги објави Светскиот фонд за природа покажуваат дека ситуацијата со нивниот опстанок се подобрува. Експертите го опишаа ова како неверојатен камбек.

Во 2010 година, во дивина имало само 3.200 тигри, но Индија, Кина, Непал, Русија и Бутан даваат надеж за нивната иднина. Нивниот број само во Индија сега изнесува меѓу 2.600 и 3.500, што се околу три четвртини од светската популација на тигри.

Во соседниот Непал, бројот на тигри за десет години пораснал од 121 на 235, а слични позитивни вести доаѓаат и од останатите три држави. Во Кина немало повеќе од 20 тигри во дивина во 2010, но програмите за размножување даваат резултати, додека бројот на амурски тигри во Русија се зголемил за 15%.

„Тигрите можат среќно да напредуваат ако имаат доволно простор, мир и вода. Тоа значи дека прогресот се должи на подобрата заштита на тигрите и на нивните живеалишта“, велат од Светскиот фонд за природа.