СИЈАЛИЦИТЕ НА БУРЏ КАЛИФА СЕ „ПРОДАВАА“ И СЕ СОБРАА ПАРИ ЗА 1,2 МИЛИОНА ОБРОЦИ

Дубаи, (Ројтерс)

Највисоката зграда на светот Бурџ калифа во Дубаи (828 метри) стана светлечка кутија за донации, собирајќи пари за храна за жителите на Обединетите Арапски Емирати кои се загрозени од економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Секоја од вкупно 1,2 милиона надворешни сијалици беше „продадена“ за 10 драхми (2,70 долари), што е доволно за еден оброк. Како што доаѓаа донациите, кулата се „наполни“ и луѓето можеа да наддаваат за светлата до самиот врв. Досега се собраа повеќе од 1,2 милиона оброци.

(Фото: Ројтерс)

Туризмот и трговијата во Дубаи, каде е еден од најфреквентните аеродроми на светот, се тешко погодени од пандемијата. Во ОАЕ се регистрирани 19.661 позитивен случај и 203 починати.