Чарлс Падок ги засени сите досегашни масовни убијци во САД, кога уби 58 и повреди над 500 луѓе на концертот на кантри ѕвездата Џејсон Алдин, пукајќи од 32. спрат на хотелот „Манделеј беј“ во Лас Вегас. Тоа е најсмртоносниот напад со огнено оружје во историјата на САД, а пред Падок, овие десет случаи особено ја шокираа американската јавност.
– Американецот со афганистанско потекло Омар Матин уби 49 луѓе и повреди 50-ина кога упадна во геј клуб во Орландо. Тоа беше најкрвавиот напад на територијата на САД од 11 септември 2001 и одговорност за него презеде Исламска држава. По тричасовни преговори, Матин беше убиен од полицијата.
– На 16 април 2007 година, студент со корејско потекло уби 32 лица во универзитетскиот кампус Вирџинија тек во Блексбург, по што се самоуби.
– Дваесетгодишниот Адам Ланза на 14 декември 2012 година уби 26 лица, од кои 20 деца, во основното училиште „Сенди Хук“ во Конектикат, по што изврши самоубиство.
– Вооружен маж на 16 октомври 1991 година уби 22 гости во еден ресторан во Килин, по што се самоуби.
– Брачна двојка со пакистанско потекло отвори оган на 2 декември 2015 година за време на божиќниот ручек во центарот за социјална грижа во Сан Бернардино, убивајќи 14 луѓе.
– Воен психијатар уби 13 луѓе, кога на 5 ноември 2009 година изврши напад врз воената база во Форт Худ.
– Маж со виетнамско потекло уби 13 лица во центарот за мигранти во Њујорк на 3 април 2009 година.
– На 20 април 1999 година, двајца средношколци застрелаа 12 ученици и еден професор во средното училиште „Коламбајн“ во Литлтон, Колорадо.
– Пукањето во канцеларијата на американската морнарица во Вашингтон остави 12 мртви на 16 септември 2003 година.
– Тешко вооружениот Џејмс Холмс упадна на премиерата на „Бетмен“ во киното во Аурора на 20 јули 2012 година, при што уби 12 посетители.