БИЈОНСЕ И ЏЕЈ ЗИ СИ КУПИЈА КУЌА ВО ХЕМПТОН ЗА 26 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Поп ѕвездата Бијонсе и раперот Џеј Зи си купија куќа во Хемптон, Њујорк, за 26 милиони долари.

Куќата во Источен Хемптон, каде што имоти имаат голем број од холивудските звезди, се наоѓа на земјште од 17 хектари, има седум спални соби и седум тоалети. За гостите на Бијонсе и Џеј Зи, во рамките на имотот има посебна гостинска куќа.

Куќата има импресивна архитектура, изградена е пред 100 години, од познатиот архитект Стенфорд Вајт. Во текот на годините е реновирана од претходните сопственици, кои ја опремиле со луксузни предмети, како што се најсовремени уреди, рачно изработени дрвени елементи, а мермерот е купен од Верона, Италија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *