Утре (22 октомври) во Галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се отвори изложба на чешкиот уметник Онджеј Мишек. Изложбата е насловена „Насликај го својот живот“.
Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава и истовремено активно се посветил на сликањето. Од 2009 до 2016 живеел и работел во Бангкок, Тајланд.
„Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графички дизајн и дизајн на плакати“, велат од МКЦ.