ЧЕТВРТИ ДЕН ПО РЕД, НАД 100 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четврти ден по ред, бројката новозаразени со коронавирусот во Македонија е поголема од 100.

  • Уште две лица починаа од КОВИД-19, 67-годишна струмичанка и 73-годишен жител на Прилеп.
  • Коронавирусот досега однесе 151 живот во земјата.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени нови 125 случаи на коронавирус (од 1.085 тестирања), 55 помалку од вчера, кога беше поставен нов рекорд.
  • Повторно најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 46, а двоцифрена бројка има и во Куманово (19), Штип (17) и Тетово (16).
  • Од почетокот на епидемијата, во Македонија има 2.915 заразени, при што оздравеле 1.640 лица.
  • Бројката активни случаи продолжува да расте и сега изнесува 1.124, најмногу во Скопје (595), Куманово (129) и Штип (123).