ДАНСКА ЌЕ УВЕЗУВА ЈАГЛЕРОДЕН ДИОКСИД И ЌЕ ГО СКЛАДИРА ВО СЕВЕРНОТО МОРЕ

Копенхаген, (АФП)

Данска претстави проект за складирање јаглероден диоксид 1.800 метри под Северното Море и ќе стане прва земја на светот која ќе закопува увезен ЦО2. Гробиштето на јаглероден диоксид ќе се наоѓа на местото на старо наоѓалиште на нафта.

Предводен од британскиот хемиски гигант „Инеос“ и германската нафтена компанија „Винтершел Деа“, проектот „Зелен песок“ предвидува складирање на осум милиони тони јаглероден диоксид годишно до 2030.

Триесетина слични проекти моментално се оперативни или во развој низ Европа, но „Зелен песок“ се издвојува со тоа што ЦО2 ќе се увезува од други земји, првично од Белгија. Тој во течна состојба ќе се транспортира и складира во резервоари, како геолошки шуплини и исцрпени полиња со нафта и гас.

Данските власти, кои поставија за цел да постигнат јаглеродна неутралност до 2045 година, велат дека „ова е неопходна алатка во остварувањето на посакуваните климатски цели“.

(Фото: АФП)