ДАНЦИТЕ СÈ ПОМАЛКУ КОРИСТАТ ГОТОВИНА, ПА ЛАНИ ПРВПАТ НЕМАЛО НИЕДЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА

Копенхаген, (Гардијан)

Данска ја забележа првата година без грабежи на банки, додека користењето на готовината драстично се намали во изминатите години, објави националниот синдикат на вработените во финансискиот сектор.

„Сè пореткото користење на готовината во земјата доведе до тоа банките да го намалат своето работење со физички пари, оставајќи им многу мал плен на потенцијалните ограбувачи. Тоа е неверојатно, зашто секој грабеж остава големи емотивни лузни на вработените“, изјави потпретседателот на синдикатот Стен Лунд Олсен.

Од синдикатот велат дека од 2000 имало 221 грабеж на банка во Данска, но од 2017, бројката се намалила на помалку од десет годишно.

Данската централна банка лани соопшти дека користењето на готовината се намалило од 23% во 2017 на 12% во 2021.

„Ковид пандемијата го забрза напуштањето на готови пари“, кажаа од банката.

(Фото: Гети)