ДЕБАР МЕЃУ ШЕСТЕ ГРАДОВИ ВО КОИ ВЕЌЕ НЕМА АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија продолжува да има мала дневна бројка на новозаразени, додека во шест градови, вклучувајќи го и Дебар, веќе нема активни случаи на коронавирус.

  • Шеесет и едногодишен жител на Струга е 82. жртва на КОВИД-19 во земјата.
  • Во последните 24 часа се направени 199 тестирања и 15 од нив биле со позитивен резултат.
  • Македонија ја надмина бројката од 1.500 заразени со коронавирус и сега е на 1.506.
  • Досега оздравеле 852 лица, 45 повеќе во однос на вчера.
  • Министерството за здравство објави дека за првпат од почетокот на епидемијата не е примен ниеден нов пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
  • Исто така, во шест градови веќе нема активни случаи на коронавирус.
  • Покрај Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар, во оваа група е и Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во земјата и прв град во кој беше прогласена кризна состојба.