НОВАТА БИБЛИОТЕКА ВО КИНА Е КАКО НЕПРЕКИНАТА ПОЛИЦА СО 1,2 МИЛИОНИ КНИГИ

Тијанџин, (Телеграф)

Футуристички дизајнираната библиотека, што беше отворена во Кина, содржи колекција од 1,2 милиони книги и претставува вистински рај за љубителите на читањето.

Таа се наоѓа во Тијанџин, 100 километри од Пекинг и авторите, холандското студио МВРДВ и локални архитекти, ја замислија како огромно око.

(Фото: Гети)

„Окото на Бинхаи“ има површина од 34.000 квадратни метри, а книгите се распоредени каскадно, на пет спрата. Во средишниот дел на објектот, што беше изграден за рекордно време од три години, е поставен величествен сферичен аудиториум.

„Внатрешноста на библиотеката потсетува на пештера, како една непрекината полица за книги. Креиравме прекрасен јавен простор внатре, како една голема урбана дневна соба. Аглите овозможуваат различни начини на употреба на просторот, како читање, седење, шетање, дискутирање и запознавање. Сите заедно, тие го формираат окото на зградата, да видиш и да бидеш виден“, вели коосновачот на МВРДВ, Вини Мас.

(Фото: Гети)