ДЕЛОВИ ОД СВЕТОТ УЖИВАА ВО ДЕЛУМНОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (Гардијан)

Од Њујорк до Лондон, луѓето од северната хемисфера денеска можеа да уживаат во делумното затемнување на Сонцето, кое над Арктик беше во форма на огнен прстен. Ова беше првото од двете затемнувања на Сонцето оваа година.

Затемнувањето над Торонто (Фото: Инстаграм)

Според НАСА, затемнувањето можеше да се набљудува од источниот дел на САД, Алјаска, Гренланд, северна Русија и големи делови од Канада.

Од големите градови, најдобар поглед имаше од Торонто, каде што Сонцето беше покриено 80%, а во Европа, од Рејкјавик (61%). Над Велика Британија и Норвешка надмина 30%.

Лондон (Фото: ПА)
Брисел (Фото: Гети)
Делавер (Фото: Гети)