Третото издание на „Денови на Холандија“ отвори денеска во Скопје со симболична портокалова велосипедска тура, а манифестацијата годинава е посветена на 750-та годишнина од основањето на Амстердам како и одбележувањето на националниот ден на Холандија – Денот на Кралот на 27 април.0
Од 25 до 27 април, во трговскиот центра „Ист гејт“ ќе има автентичен холандски пазар и уметничка колонија, и игра на потрага. Има и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје и сликање во живо во организација на скопското средно уметничко школо „Лазар Личеноски“ и Академијата за уметности „Фонтис“.
„Во партнерство со повеќе холандски и македонски компании, уметници и организации, се обидовме по третпат да донесеме холандски вкусови и бои во Скопје. Сакаме заедно со вас да ги одбележиме убавите нешта кои нѐ поврзуваат, како што се уметноста, културата, добрата храна, цвеќето и секако – велосипедите“, рече амбасадорката Узлем Џанел на отворањето.
Холандскиот пазар ќе биде отворен викендов (26-27 април) од 12 до 18 часот, а изложбите и играта на потрага ќе бидат достапни во текот на работното време на „Ист гејт“, од 10 до 22 часот.
„Денови на Холандија“ отвори со симболична портокалова велосипедска тура со амбасадорката Узлем Џанел. (Фото: Амбасада на Холандија)