Џеф Безос веќе беше најбогатиот човек на светот, но неговото богатство сега порасна уште повеќе, достигнувајќи нов рекорд.
Основачот на „Амазон“ сега „тежи“ 202 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“, што е пораст од 87 милијарди во споредба со јануари, пред да почне глобалната пандемија. Ова се должи на зголемувањето на вредноста на акциите на „Амазон“ за 25% во изминатите три месеци, односно за 86% од почетокот на годината.
Безос, кој го основа „Амазон“ во 1994, ја презеде титулата најбогат човек на светот во 2017 година и оттогаш неговото конто само се зголемува. Освен „Амазон“, Безос ги поседува и компанијата за вселенски летови „Блу ориџин“ и весникот „Вашингтон пост“.