Дрогериите „dm“ објавија попуст од 15% на сите свои производи, што ќе може да се искористи од денеска до 12 септември. Тој се однесува и на производите чии цени веќе се намалени во тековните акции.
„И покрај многубројните тековни акции, попустот до 30% на одредени природни козметички производи и попустот до 35% на одредени органски производи, кои траат до 12 септември, ‘dm‘ реши да подари уште една неодолива понуда: 15% попуст на апсолутно сѐ“, велат од „dm“.
Попустот важи во сите дрогерии и се пресметува на каса.