Вупи Голдберг одржа емотивен говор во сеќавање нејзиниот добар пријател, актерот Робин Вилијамс, во Центарот Кенеди во Вашингтон.
Голдберг зборуваше на церемонијата на која Били Кристал доби награда за животни достигнувања. Организацијата секоја година наградува одбрана група личности за нивното уметничко влијание врз американската култура.
Церемонијата беше снимена на почетокот на овој месец, но беше емитувана во средата навечер.
„Личноста која исто така треба да стои тука со мене е нашиот брат Робин“, рече Голдберг додека гестикулираше на празното место каде што починатиот оскаровец требаше да биде покрај неа и се обиде да ја задржи својата смиреност.
„Ти си моето семејство, ти си мојот поголем брат и немаш поим каква чест е да гледаш како си го добиваш своето право. Те сакам. Ти си национално богатство. Били, честитки“.
Во Кенеди центарот, наградата ја добија и Квин Латифа, Дион Ворвик, Рене Флеминг и Бери Гиб. Домаќин на вечерта беше Глорија Естефан.
Фото: Филм меџик