На 18 ноември во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложба на Елена Гелева, насловена „Youclidean“.
„Поаѓам од англискиот јазик, изговорот на двете букви ‘Е’ и ‘U’ напишани една по друга и изговорот на заменката ‘You’, речиси не се разликуваат. Првите две букви ‘Eu’ од зборот Euclidean (Евклидова) ги одземам, и ги заменувам со зaменката ‘You’(Ти). Идејно, го позајмувам првиот постулат на Евклидовите ‘Елементи’: ‘Права отсечка може да спои кои било две точки’ за шеговито да го предлoжам единствениoт постулат на Youclidean; .Kонсензус (права отсечка) може да спои кои било два набљудувачи (точки)“, вели уметницата.