ЕСТОНИЈА СТАНА ЕДНА ОД РЕТКИТЕ ДРЖАВИ КАДЕ ШТО ПРЕМИЕР И ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ЖЕНИ

Талин, (Гардијан)

Естонија ја избра првата жена на премиерската функција од осамостојувањето во 1991 година, откако парламентот денеска потврди дека Каја Калас ќе го предводи 15-члениот владин кабинет.

Калас е 43-годишна адвокатка, чија Реформистичка партија формираше коалиција со Партијата на центарот, откако претходната влада се распадна минатиот месец поради корупциски скандал.

Промовирајќи родова рамнотежа, Калас постави жени на неколку клучни позиции во владата, што ги вклучува новите министерки за финансии и за надворешни работи.

Естонија со тоа стана една од ретките држави на светот каде што функциите претседател и премиер ги држат жени. Керсти Калјулаид во 2016 беше избрана за прва претседателка на државата, а со 46 години беше и најмлада.