Концертот за 50 години Златно славејче, кој беше најавен за утре на отворено на паркингот пред А1 арената „Борис Трајковски“, поради временските услови е помесетен за недела, објави фестивалот на Фејсбук.
Терминот и локацијата на концертот со најголемите детски хитови се исти, 11 часот на паркинот пред спортскиот центар.
„Се потрудивме да има безбедно другарување според сите услови и протоколи кои ни се на располагање“, велат од Фестивалот.