ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР ЌЕ СЕ ИГРА НА ЗЛАТЕН СТАДИОН

Доха, (Дезин)

Британското архитектонско студио „Фостер+партнерс“ ги објави фотографиите од својот златен стадион „Лусаил“ во Катар, на кој ќе се игра финалето на годинашното Светско првенство. Тој ќе биде домаќин на десет натпревари од СП, а беше официјално отворен на 9 септември.

Стадионот со 80.000 седишта се наоѓа северно од катарската престолнина Доха. Завиткан во златна фасада, тој беше дизајниран да биде впечатлив додаток на градот.

Нашата амбиција беше да создадеме впечатлива, но едноставна форма, која ќе ја одразува функцијата на зградата, ќе одговара на климата во Катар и ќе ја подобри сцената на настанот“, рече шефот на „Фостер+партнерс“, Лук Фокс.

Опишан како златен сад, формата на стадионот била инспирирана од исламските чинии, како и од локалната архитектура. Според студиото, создавањето поблиска атмосфера помеѓу играчите и гледачите била почетната точка за дизајнот, па навивачите ќе бидат најблиску што може до теренот.

Стадионот е покриен со кабелски мрежен покрив, кој обезбедува сенка за навивачите и играчите и оваа структурата со дијаметар од 307 метри е една од најголемите што досега биле инсталирани на стадион.

Лусаил“ е последниот довршен стадион пред почетокот на турнирот на 20 ноември. Финалето ќе се игра на 18 декември.