Годинашната сезона во Формула 1 ќе почне на 5 јули со првата од осумте планирани трки во Европа, објави Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).
Првата трка ќе се одржи во Австрија, каде што повторно ќе се вози една недела подоцна. Останатите трки ќе се возат во Унгарија, Велика Британија (две), Шпанија, Белгија и Италија. Календарот засега е договорен само до 6 септември и нема информации што ќе биде со останатите одложени трки.
„Очекуваме да имаме 15-18 трки до завршувањето на сезоната во декември“, соопшти ФИА.
Сите трки ќе се возат пред празни трибини, а учесниците ќе мора да следат строги правила.
Сезоната оригинално требаше да се состои од 22 трки, но Холандија, Монако и Франција и целосно се откажаа.