ФРАНЦИЈА ЌЕ ГИ ЗАБРАНИ ГРЕЈАЧИТЕ НА ТЕРАСИТЕ НА КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ

Париз, (Би-Би-Си)
People rest at a café terrasse on February 13, 2018, in Paris. (Photo by Ludovic MARIN / AFP)

Француската влада објави нови еколошки мерки, кои, меѓу другото, ги забрануваат грејачите на терасите на кафулињата и рестораните.

Министерката за екологија Барбара Помпили изјави дека надворешното греење или разладување е нешто што не е еколошки нормално. И додека активистите велат дека тие се огромни потрошувачи на енергија, сопствениците на париските кафулиња ги сметаат за суштински за нивните бизниси и иако градот е многу студен во јануари, терасите се преполни со луѓе.

„Терасите им се многу драги на парижаните. Тие сакаат да јадат и пијат надвор и во зима“, вели Доминик Детоме, сопственик на едно париско кафуле.

Новата одлука ќе стапи на сила после зимата.

„Погрешно е продавниците да ги разладуваат улиците во лето така што ги оставаат вратите отворени, исто како што терасите не би требало да се загреваат во зима“, изјави Помпили.

Трговските асоцијации велат дека 75% од кафулињата и рестораните во Париз имаат тераси што се загреваат.