ФРЛЕНИТЕ РИБАРСКИ МРЕЖИ СЕ НАЈГОЛЕМАТА ОПАСНОСТ ЗА ОКЕАНСКИОТ СВЕТ

Лондон, (Гардијан)

Изгубени и фрлени рибарски мрежи го сочинуваат најголемиот дел од пластичниот отпад што ги загадува океаните, се вели во извештајот на организацијата Гринпис.

Повеќе од 64.000 тони мрежи и друга рибарска опрема завршуваат во морето секоја година, што е рамно на тежината на 55.000 автобуси на спрат.

Овие мрежи се крајно опасни и за морскиот свет. Околу 300 морски желки беа пронајдени мртви на брегот на Мексико минатата година како последица на заплеткување во фрлени мрежи. Минатиот месец, бремена женка кит беше пронајдена насукана на брегот на Шкотска со мрежа во устата.

„Овие таканаречени мрежи духови се еден од главните извори на загадувањето на океаните со пластика и го загрозуваат морскиот свет. Океаните немаат граници и владите мора заедно да преземат акција за да ги заштитат“, вели Луиза Касон од британски Гринпис.