ГАЛ ГАДОТ ЌЕ ДОБИЕ ПРИЗНАНИЕ КАКО ЖЕНА КОЈА УРИВА СТЕРЕОТИПИ

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Израелската актерка Гал Гадот донесе сила, убавина и феминизам на големиот екран со својата моќна улога на Чудесна Жена, кој потоа стана еден од најголемите филмски хитови за 2017 година.

Ова ќе ѝ донесе посебно признание за жена која урива стереотипи во забавната индустрија, што ќе ѝ биде врачено од режисерката на „Чудесна Жена“, Пети Џенкинс, на доделувањето на Наградите на филмските критичари на 11 јануари.

Оваа награда ги величи жените кои поместуваат граници и се борат за реалистично прикажување на жените во медиумите.

„Почестени сме со изборот на Гал Гадот за наградата #SeeHer. Таа не само што успеа да надмине стереотипи и имаше главна улога во еден од најголемите филмски хитови за оваа година, туку го искористи својот успех за да внесе светлина во филмската индустрија и да ги помести границите во еднаквоста на половите во реалниот живот“, се вели во појаснувањето на изборот.

„Чудесна Жена“ излезе во кината во јуни и стана еден од најуспешните филмови за суперхерои на сите времиња, заработувајќи 821 милион долари.