ГЕРМАНЦИТЕ КОИ ПОЛНАТ 18 ГОДИНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕР ОД 200 ЕВРА ЗА КУЛТУРНИ НАСТАНИ

Берлин, (Гардијан)

Германската влада ќе им понуди ваучери од 200 евра на илјадници млади Германци, што ќе можат да ги потрошат на културни содржини по нивни избори. Таканаречениот Kulturpass ќе биде достапен за сите 18-годишници, што има за цел да ги охрабри да излезат од дома и да ги искусат културните настани во живо и истовремено да ѝ се даде финансиски поттик на уметничката сцена, која и натаму заздравува од пандемијата.

„‘Културниот пасош‘ е нешто како роденденски подарок за 750.000 луѓе кои ќе наполнат 18 години во 2023“, изјави германската министерка за култура Клаудија Рот.

Слични иницијативи претходно имаше и во Франција, Шпанија и Италија.

Ваучерот ќе може да се искористи во рок од две години за театар, концерти или книги. Се проценува дека оваа шема ќе чини околу 100 милиони евра и ќе се надоврзе на годишниот буџет за култура од 2,3 милијарди евра.

(Фото: Г. Конев)