Големиот Корален Гребен во Австралија би требало да се најде на листата на загрозени локалитети од светското културно наследство поради штетите предизвикани од климатските промени, соопшти УНЕСКО. Промената на статусот би можела да се случи на состанокот на УНЕСКО следниот месец.
Организацијата ѝ порача на Австралија да преземе итни акции во врска со глобалното затоплување, додека тамошната влада кажа дека силно ќе се спротивстави на препораката за промена на статусот.
Најголемиот корален систем на светот е под заштита на УНЕСКО од 1981 година, но од 2017 размислува да му даде загрозен статус.
„Шокирани сме од последната објава. Досега нè уверуваа дека нема да има промена на статусот“, изјави министерката за животна средина Сусан Ли.
Во изминатите години, Големиот Корален Гребен беше погоден од неколку случаи на масовно белење, процес кога коралите под стрес ги истеруваат алгите кои им ја даваат бојата.
Ако препораката на УНЕСКО биде усвоена, тоа ќе биде прв случај еден локалитет од светското културно наследство да добие загрозен статус исклучиво поради влијанието на климатските промени.