КОСОВСКА ПРЕТСТАВА ГО ОТВОРА 17. ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ СКУПИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седумнаесеттото издание на театарскиот фестивал Слупи свечено ќе биде отворено денеска во 20 часот во Албанскиот театар во Скопје, каде што ќе бидат одиграни сите претстави од годинашната програма. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Блесок во театарот“, гостуваат претстави од Косово, Турција, Франција, БиХ и Бугарија, а ќе се изведе и перформансот што ќе се сработи преку работилница на режисерката Теа Беговска.

Денеска ќе настапи ансамблот на театарот Ода од Приштина со претставата „Арбри”, а утре е турската претстава „Под замокот”, истражување на физичкиот театар со мотиви од Вилијам Шекспир.