Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, ќе го отвори осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филмови Киненова во Скопје (13-18 октомври). Во јуни, филмот доби десет награди од Грчката филмска академија и е годинашен грчки кандидат за Оскар.
Директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ на вчерашната прес-конференција ја претстави програмата со филмови кои користат и класични и експериментални концепти. Годинашен добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност е српскиот актер Бранислав Лечиќ.
Единствениот македонски филм на фестивалот е „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова,
Проекциите на сите филмови ќе бидат во Синеплекс.