ГРУПАТА „МИЛКО“ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА СО НОВ СИНГЛ ПО ПЕТ ГОДИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопската инди-рок група „Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на „Шарла Рекордс“.

„Тажен понеделник” е снимена во студио „Алшар“, во периодот мај-јуни 2024. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на „Милко“, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал,  Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини тапани и Владимир Бичковски клавијатури.

„Синглот го носи скопскиот урбан звук, кој ги истражува сите премрежија и кризи низ мирен, а динамичен, поетски и музички автентичен стил“, велат од бендот.

Ова е нивни прв сингл по петгодишна пауза. Музиката на „Милко“ е инспирирана од британската независна музичка сцена од 80-тите и 90-тите години. Бендот постои од 2008 во истиот состав, и досега имаат три албуми, и две ЕП изданија. Песната може да се слушне на овој ЛИНК.