ХОЛАНДИЈА ГИ ПРАВИ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ КОН ВИСТИНСКОТО ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ МАРИХУАНА

Амстердам, (АП)
Marijuana buds ( cannabis), hemp plant. Washington State. Legal Medical marijuana law in US.

Во два холандски града започна продажбата на легално одгледана марихуана, во рамките на експериментот со кој државата сака да го регулира овој пазар. Целта на експериментот, кој се спроведува во Тилбург и Бреда, е да се овозможи продажбата на канабис чиј квалитет е контролиран и да се елиминираат илегални одгледувачи.

Наспроти широко распространетото мислење дека марихуаната е легализирана во Холандија, вистината е дека државата само ја толерира. Во Холандија е дозволено легално да се купат мали количини канабис, но одгледувањето е забрането.

Министерот за здравство Ернст Кујперс изјави дека се надеваат дека со регулирањето на продажбата ќе се добие подобар увид во потеклото и во квалитетот на производот.

Покрај тоа, така ќе можеме да ги известуваме потрошувачите за ефектите и опасностите од консумирањето марихуана“, кажа Кујперс.