ХОРОТ „КОЧО РАЦИН“ СО КОНЦЕРТ НА СКОПСКО ЛЕТО

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Хорот „Кочо Рацин“ под диригентство на Ангелина Спасовска утре (20 јули) ќе одржи концерт на Скопско лето, во 20:30 часот во Сули ан.

Ќе бидат изведени дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, С.М. Гајдов, како и народни композиции.

Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Уметничкото водство на хорот, во континуитет е под палката на еминентни имиња на композитори и диригенти од македонската хорска музика, меѓу кои: Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Драган Шуплевски,Томислав Шопов, Летка Димова Полизова.

Во своето повеќедецениско постоење, хорот има бројни настапи во земјата и странство, и тоа во: Италија, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Холандија, Грција, Србија.