Прославената статуа на Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро уште еднаш испрати моќна порака за време на пандемијата на коронавирусот откако на нејзиното лице беше проектирана заштитна маска.
Во периодот кога Бразил ја надмина бројката од 100.000 случаи на коронавирус, властите на Рио на овој начин се обидоа да ја кренат свеста за значењето на заштитната маска.
„Маските спасуваат“, беше испишано на фигурата на Исус на врвот на планината Корковадо, додека нејзините уста и нос беа покриени.
Еден од најпрепознатливите симболи на Рио е затворен за посетители од средина на март, но им испраќаше пораки на солидарност на здравствените работници и на другите земји погодени од КОВИД-19.