Заштитната маска стана симбол на борбата против коронавирусот, што за нешто повеќе од три месеци се прошири низ цел свет, парализирајќи ги сите сфери од животот.
Медицинската важност на маските особено дојде до израз во оваа глобална пандемија, но и нивната симболичка вредност.
Среде кризата со каква што светот не се соочил од Втората светска војна, статуи од Буенос Аирес до Мелбурн се декорираат со заштитни маски.