ИЛИЕВСКИ-ВОЛКАШИН ПРОМОВИРА РОМАН ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе биде промовиран романот „Тажна приказна за среќни луѓе“ од писателот и режисер Андреј Илиевски-Волкашин, во издание на „Антолог“ .

Илиевски-Волкашин вели дека главен фокус во неговата работа како режисер и писател е комплексноста на човечката душа.

„Заборавот е страшен. Се прикрадува како сенка во животот на немоќната старица Стана. Еден ден таа е 14-годишна девојка која трча по подивените крави низ летната бура, а веќе наредниот е мудра мајка која се обидува да ја одржи љубовта помеѓу своите деца, разделени од политичките идеологии во новородената Македонија. Стана патува низ времето обидувајќи се да ги зачува и спаси од сенката сите спомени што вреди да се зачуваат. Преку неа мозаично се обликува приказната за едно мало македонско гратче и за маѓепсаните луѓе во него“, најавува МКЦ,