ИНДИЈА ГО ЛАНСИРАШЕ НАЈЛЕСНИОТ САТЕЛИТ НА СВЕТОТ, НАПРАВЕН ОД СТУДЕНТИ

Њу Делхи, (Би-Би-Си)

Индија лансираше сателит за кој вели дека е најлесен на светот. Тежок само 1,26 килограми, „каламсат-В2“ е дело на студенти од компанија за вселенско образование.

„Тој ќе им помогне на аматерските радиооператори и ќе инспирира ученици да станат идни научници и инженери“, објави Индиската вселенска агенција.

Истата група студенти пред две години направи сателит тежок само 64 грама, но тој не успеа да стигне до орбитата, кога беше лансиран со помош на НАСА.

„‘Каламсат‘ е најлесниот сателит што некогаш бил изграден и лансиран во орбитата. Тој ќе служи како телекомуникациски сателит за помош на аматери при некомерцијални активности“, објави Индиската организација за вселенски истражувања.

Меѓу оние кои честитаа на овој успех беше и индискиот премиер Нарендра Мори.

Според извршниот директор на „Спејс кидс Индија“, Сримати Кесан, сателитот бил направен за само шест дена и чинел околу 17.000 долари. Тој бил лансиран на височина од 277 километри над Земјата.