НАОМИ КЕМПБЕЛ СЕ РАЗГОЛИ НА СВОЈАТА ПРВА РЕВИЈА ЗА „ВАЛЕНТИНО“ ПО 14 ГОДИНИ

Париз, (Ројтерс)

Еден од најславните супермодели на сите времиња, Наоми Кемпбел, првпат по 14 години, на ревија носеше креации на италијанската модна куќа „Валентино“.

Британската манекенка неочекувано се појави на Модната недела на висока мода во Париз и ги воодушеви гостите во црниот проѕирен фустан на крајот од ревијата.

Кемпбел во креација на Пјерпаоло Пичоли (Фото: Гети)

Кемпбел последен пат учествуваше во ревија на „Валентино“ за пролетната колекција во 2005.

„Валентино“ со дизајните на Пјерпаоло Пичоли направи ода за пролетта од соништата, со креациите со цветни фустани и пердуви. Пензионираниот дизајнер и основач на брендот, Валентино Гаравани, со години беше познат по неговите црвени тоалети, кои ги носеа најпознатите холивудски ѕвезди.

Актуелниот креативен директор Пичоли стана омилен кај клиентите со волуменозните фустани, кои му донесоа значајни награди.